Трибина за работничките права!
Во Чаршиската библиотека во скопска Стара Чаршија, вечер, ќе се одржи трибина посветена на работничките права во Македонија. Ја организираат Движењето за социјална правда „Ленка“ и Левичарското движење „Солидарност„.
„Состојбата со правата на работниците е катастрофална. Наспроти објаснувањата на синдикалните лидери дека социјалниот дијалог дава резултат, социјалниот дијалог само се користи за да се креира илузија дека синдикалните лидери прават нешто за работниците. Ретките подобрувања на работничките права се придружени со доста посуштински кратења на работничките права и многу често остануваат само празни зборови на хартија, како и многу други права на работниците. Исто така, ретките подобрувања не можат да го сокријат фактот дека многу работнички права остануваат намалени и укинати”, порачуваат организаторите.
Трибината е дел од активностите во месецот на социјална правда и работничка борба и се одржува пред најавениот протест на Први мај во Скопје.