Во Македонија денеска претежно сончево и доста топло!
Извесно зголемување на облачноста ќе има попладне во западните делови со услови за краткотраен локален дожд со грмежи. Претежно ќе биде тивко, само локално ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 28 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и доста топло со мала облачност, а кон крајот на денот и со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
УВ-индексот ќе има висока вредност 8.
Во наредните денови ќе продолжи сончево и топло време. Во четврток температурата ќе има тенденција на опаѓање, но во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.