Ахмети и Нимиц се согласија, сега е најдобро време да се реши проблемот со името!
Како што информираат од ДУИ, партискиот претседател Али Ахмети и медијаторот во спорот за името Метју Нимиц на работен ручек, разговарале за последните случување околу преговорите за спорот со името.
Двајцата соговорници се сложиле дека сега е најдоброто време да се реши прашањето за името и дека политичарите треба со храброст да превземат значајни одлуки за да ја осигураат иднината на земјата.
Во соопштението стои и дека Нимиц му се заблагодарил на Ахмети за вредните совети како и за неговата поддршка во смисол на помагање на процесот, додека Ахмети упатил апел до меѓународната заедница за поголема поддршка кон процесот на посредувачот Нимиц.
Претходно, Ахмети во претставништвото на САД при организацијата на Обединетите Нации се сретнал со амбасадорката Розмари ди Карло.
Таа порачала дека земјава ја има американската поддршка за интеграцијата во НАТО, но и дека треба да се постигне компромис со Грција околу прашањето со името што ја држи Македонија далеку од евроатлантските структури, стои во соопштението од ДУИ.
Ахмети се сретнал и со амбасадорот на Велика Британија и преставниците на француската постојана мисија во ОНН кога добил пораки дека треба ад се постигне компромис во спорот со името.