Прашањето со името може да има завршница!

Објавено на 12 мај, 2013 во 13:47

И покрај сите блокади Македонија останува на цврстата определба за членство во ЕУ и НАТО, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во интервју за МИА. Претседателот  порачува дека прашањето за името може да има завршница, ако се остане во рамките на резолуциите на ОН, временета спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Тој смета дека ако се излезе од тие рамки и се навлегува во прашања за идентитетот, достоинството и човековите права, решение ќе нема.
Иванов изрази очекување дека на јунскиот Самит на ЕУ, европските лидери конечно ќе донесат одлука за почеток на пристапните преговори со Македонија и изрази надеж  дека ќе се најде решение и за формирање на Комисијата за настаните од 24 декември.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.