Ако нема позитивен одговор СОНК ќе организира штрајк!
Објавено на 19 мај, 2013 во 14:58
На денешната вонредна седница, Советот на СОНК ги разгледа состојбите во образованието и односот на Министерството за образование и наука во врска со неодамна поднесените синдикални барања.
На седницата е одлучено дека доколку на утрешната закажана средна со надлежните, не се одговори позитивно на барањата, Советот на СОНК ќе ги повика сите свои членови во петок, масовно да се вклучат на протестите пред ресорното министерство.
Како што информираат од СОНК, доколку барањата не се остварат, ќе се закаже генерален штрајк како крајно изнудена мерка која е загарантирана со Уставот на Република Макеодонија, објави Охрид њус.