Неделата почнува со сонце и високи температури!
Објавено на 20 мај, 2013 во 07:00
Во Македонија денеска ќе се задржи сончево и топло време. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер.
Утринските температури од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25°C односно до 34°C. Ув индекс 7.
Во Скопје во понеделник ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 31°C. Ув индекс 7.