Од утре Македонија влегува во алертна фаза!
Објавено на 20 мај, 2013 во 11:48
Поголем дел од територијата на државата, од утре, ќе биде зафатен со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза, соопштија од УХМР.
Граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да носат светла и тенка облека, да консумираат лесна храна и многу течности, апелира министерството за здравство.
Повисоки температури во државата ќе траат до среда, а веќе од четврток се очекува нивно опаѓање.