Дојранско езеро со највисоко ниво на вода по еко катастрофата!
Објавено на 20 мај, 2013 во 16:02
Плус 28 сантиметри вода од нултата точка е регистрирано во Дојранското езеро. Поволната состојба се должи на добрите хидролошки услови, пред се топењето на снегот на Беласица и Хидро системот преку кој езерото континуирано се полни.
Ќе се подобрат условите за престој на гости смета општината која презема мерки за почитување и исполнување на условите од концесионерите на плажите.
Заради неисполнување услови три договори со концесионерите се раскинати, а распишан е оглас за нови пет.