При влез во Грција кај Македонец откриена дрога!
Објавено на 20 мај, 2013 во 16:22
Со три таблети екстази, половина грам кокаин и еден нож, македонски државјанин, за првомајските празници, се обидел да влезе во Грција. Ова го открила грчката гранична полиција на Евзони кај 20-годишниот Македонец.
Не е наведен идентитетот на Македонецот во официјалниот полициски билтен на грчкото министерство за внатрешни работи. Mакедонски интернет портали пренесоа дека станува збор за син на познат македонски политичар.
Според соопштението на грчката полиција пишува дека дрогата која била скриена во автомобилот била запленета, а тој предаден на обвинител. Против него е поднесена кривична пријава, пуштен да се врати дома но на 5 јули да се појави во судница во Кукуш каде ќе одговара за нелегално поседување дрога.