Бугарскиот претседател го откажал учеството на Охридскиот Самит!
Објавено на 21 мај, 2013 во 07:25
На претседателскиот самит кој на 1-ви јуни ќе се одржи во Охрид, своето учество го откажал бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, јавува „Дневник“.
Од кабинетот претседателот Ѓорге Иванов, соопштиле дека откажувањето поминало без образложение, а официјална Софија известила дека наместо претседателот, на јунскиот Самит ќе ја претставува премиерот, Марин Рајков.
Засега нема потврда за учество ниту од претседателот на Грција Карлос Папуљас.
Инаку, на самитот ќе присуствуваат претседателите на Албанија, Хрватска, Молдавија, Романија, Србија, Црна Гора, Словенија, претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина и Министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давуоглу.