„Мој термин“ ќе создава ред и дисциплина во ординациите!?
Од минатиот месец функционира тест системот „Мој термин“ за електронско закажување на прегледи . Од почетокот на примена до сега 85 проценти од матичните лекари работат со електронското закажување прегледи , расте бројот на специјалисти кои закажуваат на овој начин.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, информира дека досега биле направени над 50 илјади електронски упати.
Тој објаснуваше дека се работи за најсложен елетронски систем креиран во здравството во Македонија, а кој го немало во ниту една земја во регионот.Системот е веќе бил прифатен од лекарите и од пациентите кои постепено се навикнувале на новиот начин на функционирање во здравството.
Овој систем се воведува етапно и досега се вклучени само специјалистички упати, а потоа ќе се надградува истиот со останати упати, рече Тодоров.
Министерот информира дека биле обучени над 2.000 доктори за користење на овој систем . „За пациентите кои се меѓу првите закажани ќе треба да се обезбеди замена, или ако пациентот дошол на закажаниот преглед, а ако не бил известен дека има промена на терминот, здравствената установа ќе биде должна да му го надомести трошокот за пат што го направил. Ако пациентот не дојде го губи закажаниот термин и може да се прегледа во почетниот период на имплементација како последен. Доколку го пропушти денот на прегледот комплетно е анулиран терминот и мора да оди повторно на матичен лекар за да му закаже нов термин“,истакна Тодоров.
Од почетокот на јуни овој систем ќе биде целосно во фунцкија./ А.Д