Оси напаѓаат во Охрид!
За само половина час на интерното одделение во Охридската општа болница биле донесени тројца пациенти каснати од оса, јави А1он.мк
Според информациите на порталот, пациентите биле примени со повеќе убоди од оса и биле алергични на оса. Брзата интервенција на дежурниоет медицински персонал на интерното одделение каде недостасуваат и медицински сестри и доктори придонела пациентите да бидат спасени.
Охриѓани велат дека во градот врие од оси и разни други инсекти кои се појавија поради наглото стоплување на времето и ги повикуваат надлежните институции најитно што може да превземат активност за прскање од секаков вид на инсекти.
Директорот на Центарот за Јавно здравје во Охрид, Атанаско Михаилов за локалните медиуми во Охрид изјави дека до крајот овој месец ќе се врши дезинсекција или запрашување против комарци дезинсекцијата.
Тој изјавил дека годинава прскањето ќе се прави со специјални топови, директно во леглата на комарците.