Напредокот на Македонија на денешната агенда на ЕП!
Објавено на 22 мај, 2013 во 08:04
Попладне ќе се разгледува Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2012 година, која треба да ја усвои утре.
Предложениот текст на известувачот за Македонија во ЕП ,Ричард Ховит, теоретски може да претрпи измени. Европратениците имаа можност да поднесат амандмани до синоќа, но дали се поднесени засега не се знае, бидејќи таков документ нема на интернет страницата, ниту пак во дистрибуцијата на работните документи на ЕП, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Европратениците веруваат дека почетокот на преговорите може да ја „промени играта“ со обезбедување позитивен импулс и ефикасен инструмент за натамошни реформи, подобрување на внатрешната ситуација, олеснување на меѓуетничкиот дијалог и промовирање поволни односи со соседите.