Откриени организирани рибокрадци на Преспанско езеро!
На Преспанско Езеро, кое нема концесинер, подолг период организирани групи вршат незаконски риболов, објави Охрид њуз.
Според информациите од Државниот инспекторат за земјоделство, во вторникот, била извршена акција за откривање на рибократци во која е откриена организирана група на лица, од регионот на Преспа, со големи количини на риболовен алат, мрежи, недозволени средства, влакови, оски, харпуни, со кој риболовен алат вршат недозволен риболов на Преспанското Езеро.
Тие поседувале импровизирани складишта со риболовен алат, фрижидери со свежа и замрзната риба која пак потоа спротивно на законот ја пуштале во промет на зелените пазари во Битола, Прилеп и Ресен, како и во угостителските објекти во Охрид и Струга.
Во акцијата на Државниот инспекторат за земјоделство во соработка со МВР СВР – Битола и Единицата за брзи интервенции при МВР биле претресени и домови на одредени лица во реонот на Преспанското Езеро по претходно обезбеден судски налог и биле одземени : 238 рибарски мрежи со просечна должина од околу 50 метри или со вкупна должина од 14 километри. 205 кг риба претежно преспанска плашица, 2 сачми – сертмиња, 1 повлечна мрежа – влак, 6 Пенти, 3 кајчиња, 6 весли, 3 кепчиња – сакови, еден резервоар за бензин, 1931 рибарска мрежа – чилиња и разновиден матерјал за изработка на рибарски мрежи оловни конци, рибарски конец и др.
Поднесени биле 5 кривични и уште толку прекршочни пријави и поведена е една постапка против непознат сторител.
Целокупниот риболовен алат и средства ќе биде предаден на Агенцијата за одземен имот, информираат од ржавниот инспекторат за земјоделство.