Уставен: Ќе се плаќа надомест и за исклучено парно!
Објавено на 22 мај, 2013 во 15:23
Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за иницијативата поднесено од ЛДП и тројца граѓани за оценување на уставноста и законитоста на Правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергија во 2012.
Според тоа, потрошувач кој побарал да се исклучи од парно ќе има обврска да плаќа надомест за ангажирана моќност. Судот донел таква одлука бидејќи вертикалните системи на топлификациската мрежа во колективните згради поминува и низ станбен простор на потрошувач кој се исклучил за да се достави до потрошувач кој е приклучен.
Извор: Радио Слободна Европа