Акција за апсење на криминална група!
Објавено на 22 мај, 2013 во 20:15
Голема акција за апсење спроведува вечерва македонската полиција. На удар се членовите на една од најпознатите групи од криминалното подземје позната како „Кумановската група“.
Во медиумите се известува дека засега биле уапсени осуммина во Скопје и Куманово.
Неофицијално, осомничените краделе податоци од платежни картички и ги користеле за купување во странство и дома. Кражбата на податоци се вршела и преку Интернет и лично.
Се уште не е познато дали во текот на ноќта ќе има и нови приведувања и колку точно лица се осочничени како дел од оваа акција.
Официјални информации за акцијата од полицијата најавуваат за утре.