Сончево и облачно!
Објавено на 25 мај, 2013 во 06:28
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови променливо со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен на моменти засилен ветер од југозападен и западен правец.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу шест и 13, а дневната ќе биде од 19 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито. Минималната температура околу 10, а максималната до 24 степени