Здружението „Одраз“ со повик за протест против екстерното во понеделник!
Објавено на 25 мај, 2013 во 15:43
Повик до учениците и граѓаните за протест против екстерното тестирање испрати здружението Одраз.
Во соопштението до медиумите се вели:
„Зошто бојкот? Затоа што нема друг начин!
Затоа што ова е одлука од која ќе зависи нашата иднина и иднината на сите идни ученици!
Затоа што ако се откажеме, нема да победи демократијата, ќе победат заканите, уцените и партиските војници!
Затоа што ќе биде доцна да протестираме после понеделник!“