Претпладне сонце а попладне облаци!
Објавено на 26 мај, 2013 во 06:38
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе биде облачно во западните и северните делови со краткотраен локален дожд.
Ќе дува умерен засилен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе се движи од 11 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде променливо облачно со засилен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе се искачи до 22 степени.