Од утре започнува екстерното тестирање!
И покрај протестите на учениците сепак од утре се до 8 јуни во основните и средните училишта во земјава ќе се спроведува првото екстрено оценување. Ќе се проверува знаењето на учениците но и објективноста на наставниците при делењето оценки.
Ќе се одговара електронски на тестовите. Опфатени се околку 200 000 ученици од основно и средно образование. Ќе се проверува нивното знаење по два предмета, а опфатени се 15.000 наставници.
За 60 минути ученикот треба да одговори на 30 прашања. За секое ќе добие по четири понудени одговори, од кои ќе избере еден. Има можност да се наврати на некој одговор за да го поправи ако се премисли. Подготвени се 55.000 прашања по различни предмети од материјалот што е изучен во текот на учебната година. Ученици во еден клас или одделение може да бидат тестирани по различни предмети.
Само матурантите нема да прават тестови бидејќи тие ќе полгаат државна матура (на 8-ми и на 11 јуни) и учениците од прво, второ и трето одделение кои се оценуваат описно.
Оценките кои ученикот ќе ги добие по двата предмета од екстерното тестирање ќе бидат впишани во свидетелството и ќе влијаат на неговиот вкупен успех.
Целта на екстерното тестирање е учениците да добиваат оценки реални на нивното знаење, а наставниците да бидат заштитени од притисоци на родители да поправаат оценки. Наставниците кај кои ќе има отстапувања меѓу оценката што ја дале и онаа од тестот ќе бидат советувани, а тие со големи отстапувања ќе добијат помала плата.