И во Македонија падна мајски снег!
Објавено на 26 мај, 2013 во 21:39
Студениот бран со дожд и ветер на планинските врвови околу Кичево донесе нова снежна покривка, чија висина изнесува од 5 до 20 сантиметри.
Како што објави „Нова Македонија“ во текот на денешниот ден обелеа планинските врвови на планините Бистра, Стогово, Баба, Добра Вода,Пространска планина и др., поточно снег падна на повеќето планински врвови со надморска височина над 1.500 метри. Дури снег имаше и во близина на повисоките планински села Душогубица, Малкоец и Ново Село.