Денеска сончево и потопло!
Објавено на 27 мај, 2013 во 07:09
Во земјава денеска по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува засилен јужен и југозападен ветер, кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 2°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°C до 27°C степени. Ув индекс 7.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 6°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 24°C. Ув индекс 7.