Загина Кумановец кога се преврти трактор!
Објавено на 28 мај, 2013 во 16:49
Момчило А. загина денеска околу 14 часот кога се превртел трактор близу селото Живиње, кај Куманово. Уште едно лице е во тешка задравствена состојба, јави „Прес 24“.
Според полициските информации на тракторот имало четири лица. Останатите двајца според првичните информации не биле повредени.
Тешко повредениот кумановец е пренесен на лекување во скопскиот Клинички центар и се наоѓа во животна опасност.