Укината ослободителната пресуда за Тренкоски!
Објавено на 28 мај, 2013 во 17:10
Во Основниот суд Скопје 1 повторно се враќа предметот против поранешниот директор на Фондот за здравство Ѓорги Тренкоски и поранешната директорка на градски аптеки во Скопје, Весна Огненовска. Апелацискиот суд ја укина ослободителната пресуда.
Основниот суд, пред половина година, ги ослободи Тренкоски и Огненовска од обвинението за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба по обвинението за двојно плаќање на исти лекови.