Не за Предлог-законот за прекин на бременоста!
Објавено на 29 мај, 2013 во 06:50
Граѓански организации најавија протест, за денеска, во 11 часот пред Собранието на Р. Македонија против Предлог – Законот за прекин на бременоста.
Синоќа, се организирале на социјалната мрежа Фејсбук кога за помалку од еден час, веќе стотина граѓани го потврдиле присуство на настанот.
Најавите за протест се случија откако медиумите објавија дека Владата му достави на Собранието предлог-закон за прекин на бременост и истиот најверојатно ќе биде донесен по скратена постапка.
Доколку предлогот биде усвоен, прекин на бременоста нема да може да се изврши ако од прекинување на претходната бременост не поминала една година.