Законот за бременост на јавна расправа!
Објавено на 1 јуни, 2013 во 13:28
Законот кој предизвика многу реакции во јавноста, а се однесува на прекин на бременоста сепак ќе оди на јавна расправа, јави 24 вести.
Претседателот на Комисијата за здравство во Собранието Менде Диневски веќе за во среда закажа јавна расправа за законот.
На комисијата се очекува лекари, експерти и претставници на невладиниот сектор да дебатираат и да донесат заклучоци, што ќе бидат доставени до предлагачот на законот.
Многу невладини организации барат повлекување на законското решение за кое сметаат дека им ги ускратува правата на жените.