Груевски: И по Конгресот Црвенковски ќе ја раководи СДСМ!
На денешната обиколка на изградбата на делницата од Демир Капија до Смоквица премиерот Никола Груевски одговори на прашањето на новинарот од МИА дали очекува конгресот на СДСМ да помине во најдемократска атмосфера. Притоа Груевски рече дека повеќе од јасно е дека кој и да победи на утрешниот конгрес на опозициската СДСМ повторно Бранко Црвенковски од позадина ќе ја раководи партијата.
– Таму е повеќе од јасно дека кој и да победи од овие кандидати, според нивното однесување досега, тоа ќе биде ситуација во која повторно Бранко Црвенковски од позадина ќе ја раководи партијата затоа што се гледа дека тие повеќе во овој период се борат за милоста на Црвенковски отколку за што било друго – рече Груевски.
Тој смета дека главната борба била во тоа кој ќе биде поддржан од Бранко Црвенковски не само на конгресот, туку и после конгресот, како негов параван.
14 редовен Конгресот на опозициската СДСМ ќе се одржи утре кога треба да бидат избрани претседател, Централен и Надзорен одбор на партијата./Б.Н.Т