Репортери без граници со критики до власта во Македонија. Бара итно ослободување на Кежаровски!
Репортери без граници бараат безусловно и без одлагање новинарот Томислав Кежаровски да биде ослободен. Во соопштението нагласуваат дека се вџашени од неговото апсење.
“Повикуваме за безусловно и без одлагање пуштање на Кежаровски кој е затворен врз основа на невистинита причина. Неговото апсење и обвинение имаат други цели кои властите треба веднаш да ги објаснат“, вели организацијата и нагласува дека во Македонија се покажало дека апсењата се често злоупотребувани и организирани за да ги натераат новинарите да ги дадат своите извори на информации и да бидат испитувани за други теми.
Репортери без граници судството и владата ги потсетува на членот 16 од Уставот дека ги штити изворите на информација, а новинар кој ги крие изворите е негово законско право, а не нелегална акција,
“Бараме од судот да го повлече обвинението. Местото на Кежаровски е дома кај неговите а не во затвор! Ние сме загрижени поради постојаната деградација на слободата на информирање во Македонија. Земјата е на 116 место од 179 земји во нашиот светски список на слободата на медиумите“, вели РБГ потсетувајќи дека аспењето на новинар само ќе ја влоши таа ситуација. Кежаровски нема направено никакво злосторство и ќе беше доволно да биде повикан и за да му бидат поставени прашања. Аспењето на Кежаровски, на начинот на кој е сторено преку лисици и со деградирачки сцени, е начин на властите да ги засилат притисоците кои постојано им ги наметнуваат медиумите кои работат особено тешки услови. “, вели РБГ.
Понатаму во соопштението се наведува: “Ако македонската влада сака навистина да влезе во ЕУ, конкретни и значајни акти ќе треба да бидат направени за да дојде до почитување на истражувачкото новинарство.
Репортери без граница покрај критиките кон власта бара од Делегацијата на Европската комисија во Скопје на 14 јуни, на консултацијата за плурализмот на медиумите да потсети на важноста од почитувањето на слободата на информирање и дека тоа е главниот критериум за земјите што претендираат за влез во унијата.