Човечки скелет откопан пред Собранието на Република Македонија!
Објавено на 2 јуни, 2013 во 12:40
Делови од човечки скелет, коски и череп, пронашле неделева градежните работници кои работат во дворот на Собранието на Република Македонија, јави Канал5.
Градежниците го пријавиле случајот во полиција, а по наредба на истражен судија коските се предадени на Судска медицина за понатамошно испитување,.
Ова не е прв случај на пронајдени остатоци на човечки скелет. Коски стари повеќе од триесет години, според анализите на Институтот за судска медицина, беа пронајдени и во март годинава и тоа под ресторанот во Собранието на РМ.
Постарите жители на Скопје се сеќаваат дека на местото каде сега е собранието, порано имало затвор и истражно полициско одделение, па кај многумина има сомнеж дека тие припааѓаат на затвореници.