Скандал, Власта уништува детски парк во Тафталиџе за да гради објект!
Објавено на 2 јуни, 2013 во 14:07
На идентичен начин како во Турција, така и во Македонија се руши градски парк изграден со пари од Мексиканската влада пренесе Скај.мк.
Граѓаните во скопската населба Тафталиџе 1 излегоа на протести.
Таму, заради изградба на зграда, се уништува детски парк изграден по земјотресот од страна на мексиканската влада. Жителите се огорчени – велат дека е недозволиво да се уништува нешто што е подарок за градот на солидарноста и е недозволиво да им се одзема и последното катче за слободна игра на децата.
И додека во земјава никој не се потресува за ваквото уништување на зеленилото кое станува пракса во изминатиот период, во Турција десетици илјади граѓани го кренаа гласот и излегоа на протести.