Новинарката Костовска не пожелна во Грција!
Грчките власти ја прогласиле за непожелна личност а грчките полицајци на граничниот премин Евзони не и дозволија на Ивана Костовска уредничката за надворешна политика на „Дневник“ денеска да влезе во Грција. И објасниле дека е прогласена за непожелна личност, пренесе 24 Вести.
Костовска во Грција патувала приватно, на годишен одмор со претходно уплатен аранжман, но пограничните власти на Евзони не и дозволиле влез.
За причините ја упатиле да побара објаснување од Канцеларијата за врски во Скопје. Граничните власти само и дале документ во кој пишувало дека се смета за опасност по јавниот ред и безбедност, за внатрешната безбедност за јавното здравје и меѓусебните односи на една држава-членка на Европската унија.
Костовска најави дека за ваквиот потег утре ќе бара образложение од грчкиот конзилат во Скопје и ќе ги информира меѓународните организации за правата на новинарите.Ивана Костова новинар Дневник