Денеска повторно облаци и дожд!
Објавено на 5 јуни, 2013 во 06:30
Денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 8°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 28°C. УВ индекс 5.
Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 11°C,а максиамалната дневна ќе достигне до 25°C. УВ индекс 5.