Про и контра абортусот!
Објавено на 5 јуни, 2013 во 07:44
Предлог законот за прекин на бременоста денеска на јавната расправа на собраниската комисија за здравство.
Се очекува лекари, експерти и претставници на невладиниот сектор да дебатираат и да донесат заклучоци, што ќе бидат доставени до предлагачот на законот.
Нова пренесе дека минатата недела, реномираната европска организација “Меѓународен семеен планинг“ (МСП) со загриженост реагираше на предлог- законот за абортус на македонската влада.
Македонија не е единствената европска земја која прави обиди да им го усложни пристапот до абортус на жените.
Во Шпанија конзервативната влада наскоро ќе презентира закон за забрана на абортусот освен во посебни случаи како сериозна опасност за животот на жената, силување или инцест.