И официјално, „Фервекс“ се повлекува од аптеките!
Објавено на 6 јуни, 2013 во 12:34
Антивирусниот лек кој беше популарен меѓу македонските граѓани, доби наредба да биде повлечен од пазарот бидејќи содржел атипична бактериска флора.
Наредбата уследи откако беше откриено дека лекот „Фервекс“ со вкус на малина ја содржи оваа бактерија која може да предизвика гадење, повраќање и дијареа. Иако, бактериската флора беше пронајдена само во лекот со арома на малина, „Бристол-Маерс Сквиб“ реши превентивно да го повлече целокупниот асортиман на „Фервекс“.
„Бристол-Маерс Сквиб“ соопшти дека досегашните анализи покажале оти бактерија била присутна во сахарозата што се додава во лекот. Компанијата потенцира дека анализите на лекот продолжуваат и дека кога ќе бидат добиени нови податоци јавноста ќе биде навремено информирана за нив.