Претпладне сонце, попладне дожд!
Објавено на 7 јуни, 2013 во 06:37
Времето во земјава денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со услови за локални врнежи од дожд.
Само сонце без услови за дожд во текот на денот ќе има во централните и југоисточните предели. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Максималните дневна температура ќе достигне до 30°C. УВ индекс 7.
Во Скопје во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со можност за локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна ќе достигне до 27°C. УВ индекс 7.