Локално:Богохулење на „Св Константин и Елена“ !
Политиката забега и во црквата. Ѓаволски работи! Па се дигна и црквата како политичка партија да коментира други политики. Некој рикна дека ке се уривало црква, други се стрчаа да го убиеме неверникот. А никој никого не прашува за што всушност станува збор. Сакај го ближниот… во 10те заповеди дедо попе се вели НЕ ЛАЖИ !!? Нели се ова е вистинско богохулење за црквата?
Од тој контрапротест за Жерновски се слушна само една работа што треба да се запамети „Не се родил до сега таков маж кој може да крене рака на еден христијански објект.“ И само тоа е точно од целата политичка хајка во која се истопори и црквата. Едни велат не уривајте а никој не рекол дека ќе урива , првите бранат а никој не ги напаѓа -се плукаат меѓу себе во име на црква !?
А сите знаат да, не се родил и нема да се роди некој што ќе урива црква ! Па и Османлиите ги оставале не ги палеле ниту уривале нели и тоа е апсолвирано и за Жерновски и за кој било друг. Црквата е алузија на свето, чисто место, божји храм а не партиско седиште, објави Локално.
Граѓанското здружение „Веритас“ вчера на улица Македонија во Скопје протестираше против најавата на скопската општина Центар за измена на Деталниот урбанистичкиот план на Малиот Ринг. Тие тоа сами си го толкувале ќе значело и уривање на црквата „Св. Консатнтин и Елена“, која се гради пред Домот на АРМ. КОЈ ли ги излажа? Стотици граѓани кои во групи пристигнаа пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза,тврдеа дека спонтано се собрале. Некои си признаа дека добиле таква наредба да дојдат, и не знаат зошто се тука.
Од ВМРО ДПМНЕ распалија по Жерновски дека сакал се да урне. А Жерновски пак ги потсети дека тие 3 пати изгубија во Центар токму заради тоа што досега го правеле и граѓаните сакаат ред и поредок.
„Ревизијата се прави, и ќе се прави за да се врати правниот поредок“, додаваат од Општината.
И тоа е тоа, политика може да тераат затоа што се политчки партии , само Црквата не е партија па да се носат крави и социјалци и тие што бараат работа, да се плука пцуе и предизвикува народ на тепачка и омраза .
Пред и во црква се молчи, се моли, се простува се говори со бога, а не со партиските лидери или политички неистомисленици.! За црква се дарува се помага се гради не се урива- освен ако таа маса која доаѓа и гласно зборува вика , лаже и урива се неверници и изроди кои црквта ги нарекува ѓаволи или луѓе во кои не треба да се има верба !
Терајте политики билдајте партиски војници , тепајте се ама не ја бербатете, оставете ја чиста барем Црквата !