ВИДЕО: Демонстрантите дивеат во Центар!
Бранителите на Црквата се качуваат по прозорците во бараките на Општина Центар, го скршија стаклото на влезната врата и аграсивено настапуваат кон новинарите и медиумите, јавува А1он.мк
Поради насилното однесување на „верениците“, кршењето врати и прозорци, седницата на која што беше присутен и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски беше прекината.
Од Општина Центар велат дека ја предупредиле полицијата дека може да дојде до инциденти, меѓутоа, очигледно е, слабо присуство на полицијата, а дел од нив седат и на клупите, надвор од дворот на Општина Центар.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=t0eG2RkifNA{/youtube}
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ инсистираат Жерновски да им се обрати на насобраните „верници“, кои инструкциите ги добиваат телефонски, како и последната дека треба да тропаат на бараката и се обидуваат да влезат внатре.
Дел од демонстрантите се познати лица од сите контра-протести кои досега беа организирани.
Текстот е превземен од А1он.мк