Меѓународната федерација на новинари бара итно ослободување на Кежаровски!
Објавено на 7 јуни, 2013 во 13:04
Меѓународната федерација на новинари од Даблин каде се одржува 28-от конгрес, од македонските власти бара итно да го ослободат од притвор новинарот Томислав Кежаровски.
„ Конгресот верува дека судската одлука за притворот е директен напад не само врз Кежаровски, туку исто така и врз слободата на медиумите и слободата на говорот во Македонија. Светскиот конгрес на Меѓународната федерација на новинари го реафирмира ставот дека заштитата на изворите е право загарантирано со европското законодавство и меѓународните стандарди и основен принцип на новинарството. Тоа право јасно е посочено во членот 16 од Уставот на Република Македонија, се наведува во барањето од Конгресот.