Еден македонски државјанин загина, а друг повреден во сообраќајка кај Ниш!
Објавено на 8 јуни, 2013 во 08:34
Несреќата се случила рано утринава на автопатот во близина на Врчин, јавува Танјуг. Се превртел камионот во мои патувале македонските државјани.
Порпаролот на Итната помош во Србија, Нада Мацура за Танјуг, изјавила дека загинал совозачот, на возраст од 28 години додека тешко повреден е возачот на камионот стар 34-години . Несреќата се случила околу 5 часот, утринава во близина на бензиската пумпа “Елп”.
Возачот со тешки телесни повреди веднаш е пренесен во салата за реанимација во Ургентниот центар во Белград, а на местото на несреќата увид извршила полицијата и истражен судија.