Средношколците полагаат државна матура!
Се полага, денеска, првиот, задолжителен предмет од испитот државна матура. Тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански или турски) ќе го полагаат вкупно 19.289 матуранти во државата.
Вториот предмет од испитот е изборен и ќе се полага во вторник, на 11 јуни.
Матурантите, исто како и во изминатите години, покажаа помал интерес за математика споредено со странските јазици.
Првите резултати се очекуваат за еден месец, a незадоволните кандидати имаат можност за приговор кој, како и лани, ќе чини 1.000 денари.
Матурантите кои нема да ја положат државната матура или ќе положат само еден предмет во јунскиот испитен рок, ќе имаат втора можност на следниот испитен рок – на 13 август мајчин јазик и на 15 август изборниот предмет. Годинашната е шеста генерација која полага државна матура од нејзиното воведување.
Испитот државна матура е услов матурантот да се запише на факултет.