ВМРО-НП: “Дали МПЦ стана инструмент на ВМРО-ДПМНЕ“?
По вчерашните безредија и недолични однесувања на некакви си „верници“ во општина Центар, денеска со осуда се огласи ВМРО-НП. Партијата бара МПЦ јавно да каже дали стои зад ваквото однесување и дали станала партиски приклучок на ВМРО-ДПМНЕ?
„Ја повикуваме МПЦ-ОА јавно да се огласи и да ги осуди овие протести бидејќи во суштината на истите не се споделуваат христијанските вредности. Обидот за јавен линч, насилство и извикувањето на погрдни зборови не се одлика на христијанската религија. Доколку МПЦ-ОА јавно не ги осуди горенаведените настани остануваме на нашата констатација дека за жал и црквата тотално ја загубила својата автономија и е само инструмент на владеачката гарнитура“ стои во соопштенито на ВМРО НП. ,
Од партијата потврдуваат дека овие „верници“ се членови на ВМРО-ДПМНЕ кои вчера биле телефонски повикувани да одат на протестот. Пцуење, навреди, туркање, плукање, тепање, закани за ликвидации, кршење. Вчера беше злоупотребена религијата за партиски цели. Бранителите на црквата кои ги бараа своите права во општина Центар се од општински организации на ВМРО-ДПМНЕ, повеќето од Драчево и Бутел, а координирани цело време од советник на ВМРО-ДПМНЕ во Центар. Тие добиваа инфорамции и инструкции кога да напаѓаат, а кога да се повлечат. Добиваа инструкции и да не бидат снимани и да не даваат изјави за да не се открие она што на сите им е јасно.
Освен со советниците, дел од овие членови на ВМРО-ДПМНЕ напаѓаа и новинари, а најгласен беше Алекдандар Трајковски, функционер на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во општина Гази Баба. Трајковски од новинарите бараше легитимации да снимаат, а полицијата немоќно креваше раменици. Истиот овој Трајковски претходно беше и предводник на маршот за семејство и детски колички.
Меѓу демонстрантите и многумина функционери во администрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, редовни посетители на сите протести. Некогаш земјоделци, некогаш верници. Ниту вчера не помина без гаф „верникот“ кој покажуваше на неговите гениталии пред Собранието на протестот за буџетот. Вчера се претвори во верник за кого антихрист беше и „антифашист“.
Извор: А1он.мк