Митрополитот Пимен: Вака ли го сведочиме мирот Христов!
Митрополитот Пимен на Европската епархија на МПЦ-ОА реагира на вчерашните случувања во општина Центар кога граѓани кои се нарекоа и верници кршеа стакла и ја демолираа зградата на општината.
Митрополитот Пимен на Фејзбук профилот напиша :
„Вака ли го сведочиме мирот Христов верен народе? Рушиме општина во обид да спречиме „рушење“ на црквата. Дајте да ги наполниме црквите наместо опшинските дворови. Само така се чува и брани црквата и верата мој верен народе! Бог од нас бара милост, а не жртва! Сепак, фала Ти Господи за сè“, напиша владиката Пимен на Фејсбук.
Претходно владиката Пимен на ФБ го напиша и следниов статус.
„Отидов до центар да видам како напредува градбата со уште двајца колеги. Од некаде се зададе една гооолема група на луѓе подржувачи на градбата. Од верски побуди верував, координирани од своето парохиско свештенство мислев… Ама кога минуваа покрај нас, добив впечаток дека минуваат покрај „турски гробишта“. Не знам дали не нè видоа или не знаеја како изгледа православен владика. Белким од побожност се заслепени, не знам…“, нашиша владиката Пимен.