Вонредна временска прогноза: Утре невреме со дожд и грмотевици!
Објавено на 9 јуни, 2013 во 13:45
Утре попладне ќе има поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме со силни електрични празнења, засилен ветер и изолирана појава на град.
– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, локална појава на грмежи и опаѓање на температурата, која кон средината на неделата ќе се движи од 20 до 28 степени, наведува УХМП во вонредната прогноза.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.