Парламентарците ќе гласаат а граѓаните ќе протестираат!
Со протест пред Собранието, додека внатре ќе расправаат парламентарците, денеска асоцијацијата за здравствена едукација Хера, невладини организации и граѓани ќе го искажат својот револт од носењето на прелог-законот за предвремено прекинување на бременоста по скратена постапка.
Сите ќе бараат да запре постапката на носење на законот, кој според нив продира во основните права на жената, која самостојно треба да одлучи за прекин на бременоста.
Дури 91 светски и домашни организации го ставија својот потпис на писмото адресирано до пратениците во собранието и до Премиерот.
Тие сметаат дека и покрај направените измени законот не и го гарантира на жената правото сама да ја донесе одлуката ќе за прекинување на бременоста.
Во собранието за денеска е закажана пленарна седница на која се очекува пратениците од владејачкото мнозинство да го донесат законот.