Повторно тензично пред општина Центар!
Две групи на демонстранти се пред општината Центар. Групата организирана од „Веритас“ ја окупира влезната врата од дворот, каде што се држат седници на советот.
Меѓу присутните се и вработени и во јавната и државната администрација и граѓани најмалку од општина Центар. Дојдоа со исти пароли и со ист манир на однесување како во петокот, јавува А1он.мк
Седницата е закажана за во 13 часот и на неа нема точка на дневен ред со која се предвидува стопирање на изградба на црквата Св. Константин и Елена. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ одбија да ги примат и писмените покани за одржување на седницата.
Вратите на Општината се заклучени за да не може да дојде до насилно упаѓање на демонстранти како што се случи во петокот, но ова е преземено по барање и укажување на полицијата.