Демонстрантите пак пред општина Центар, кршеа стакла за да ја спасат црквата во изградба!
Повторно се случи граѓански протест пред зградата на општина Центар насочен кон заштита на изградбата на црквата Св Константин и Елена во кој настрада општински имот. Така собраните граѓани го искажаа револтот за како што рекоа од намерата на општината да ја избришела од од урбанистичкиот план црквата Свети Константин и Елена.
Градоначалникот Андреј Жерновски преку соопштение се обиде да ја запознае јавноста дека на дневен ред на денешната седницата на советот воопшто не се наоѓа точка за стопирање на изградба на црквата Св. Константин и Елена и дека за жал граѓаните се изманипулирани и искористени, се вели во соопштението од општина Центар.
Од општината известуваат дека советниците од ВМРО ДПМНЕ преку СМС порака биле известени за одржувањето на седницата.
„Утрово сите советници добија СМС пораки со кои се известуваат за денешната седница. Службите од општината се обидоа да им врачат и писмени известувања за седницата, но советниците од ВМРО ДПМНЕ одбија да ги примат известувањата. Според ова воопшто не се работи за прекршување на правната процедура, туку седницата се закажува според сите нормативни решенија“, се вели во соопштението.
Портите на општина Центар денеска беа заклучени поради безбедност на вработените и заштита на општинскиот имот на барање и предупредување од полицијата.
Но, дел од граѓаните ја турнаа оградата и полицискиот кордон, влегоа во дворот и скршија неколку прозорци на општинската барака. Полицијата била принудена да употреби сила и пендраци за да ги спречи граѓаните да влезат во бараката и да воспостави ред пред општината, каде што се повредени две лица.
Откако граѓаните беа вратени зад оградата поставен е кордон од полициски специјалци околу општината. Се ова придонело да се прекине работата на советот на општина Центар. Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова изјави дека седницата била свикана по пат на СМС пораки „со цел да се изгласаат скандалозните точки“.
Фото: Нетпрес