Владиците Агатангел и Пимен во медиумско препукување!
Митрополитот на Повардарската епархија не знае од кои побуди првиот човек на европската епархија, епископот Пимен ги критикувал протестите во петокот и го променил својот став во однос на намерите на општина Центар, објави Либертас.
Агатангел изјавил и дека Пимен воопшто не бил поканет на протестите, за разлика од него кој таму бил со благослов на Архиепископот Стефан.
Упатил и навреди на адреса на Пимен, дека дошол на протестите „во патики и без мантија за да не го познаат“.
Следи и реакцијата на епископот на европската епархија.
Пимен, кој не бил изненаден од изјавите на Агатангел, рекол дека снимките покажуваат дека бил во мантија што воопшто не било важно туку важна е личноста и вербата во Бога.
Тој се чудел зошто требало да биде поканет, ако протестот бил спонтан.
Владиката Пимен за 24 Вести ја потврдил веродостојноста на својата изјава, а Владиката Агатангел бил изненаден што на порталите се појавила негова нова изјава.
Тој за 24 Вести рекол дека останува на својата изјава од петокот и нема да ги коментира настапите на Пимен, бидејќи, како што вели, секој има право на различно мислење.