Граѓански здруженија најавија, ќе го оспорат законот за абортус!
Објавено на 10 јуни, 2013 во 15:07
Невладините организации, кои пред почетокот на седницата на Собранието, уште еднаш побараа поддршка од пратениците и одложување на гласањето најавија дека ќе го оспорат донесувањето на Законот за абортус.
Тие порачаа дека неможе да има ценкање со женските права и ограниченото право на абортус.
ХЕРА и останатите здруженија на граѓани најавија дека правдата ќе ја бараат пред Уставниот суд и од Претседателот на државата.
Законот за прекин на бременоста кој и по скратена постапка го помина собранискиот филтер ќе стапи на сила од 20 јуни.