Претпладне сончево, попладне нестабилно!
Објавено на 11 јуни, 2013 во 06:30
Денеска претпладне ќе се задржи умерено облачно со сончеви периоди, попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локални врнежи од дожд и грмотевици. Локално можна е појава на невреме.
Утринските температури од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 30°C.
Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C.