Македонија последна во регинот во глобалниот индекс за мир
Македонија заедно со Турција во најновиот Глобален индекс на мирот, што е објавен денеска, ги делат последните две места во Европа.
Станува збор за анализа на Институтот за економија и мир со која се рангираат земјите според нивниот мир. Исланд го зачува статусот на најмирна земја, додека на дното на списокот е Авганистан, пренесува Радио Слободна Европа.
Во образложението се наведува дека Македонија страдаше од лошите односи со нејзините соседи, во облик на, како што се вели, територијален спор со Грција и обвинувањата од Бугарија дека Македонија бара соодветен дел од бугарската историја. Тоа ги водеше шефовите на дипломатии на двете земји да го одложат одредувањето датум за отворање преговори за влез на Македонија во Европската унија.
Внатрешните тензии меѓу етничките Македонци и етничките Албанци остануваат проблематични, иако е малку веројатно дека е можно враќање на меѓуетнички вооружен конфликт во земјата.
Во исто време, се наведува во образложението на анализата, внатрешните тензии меѓу етничките Македонци и етничките Албанци остануваат проблематични, иако е малку веројатно дека е можно враќање на меѓуетнички вооружен конфликт во земјата.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=d3M3tMfTf98{/youtube}
Македонија во минатогодишниот Индекс беше пласирана на 68 место, што сега го зазеде Грција, која заедно со Шпанија, Португалија и Франција, поради економските тешкотии, бележи намалување на условите за мир.
Европа го задржа рејтингот на најмирен регион, а 13 европски земји се најдоа на првите дваесет места во светот. На врвот и годинава е Исланд.
Извор: Радио Слободна Европа